Денешниот славеник е Џан Јаман (Фото) - Tvserijali - Soprevod

Денешниот славеник е Џан Јаман (Фото)

Турскиот актер Џан Јаман денеска го слави својот 33 роденден. Актерот е роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, Турција.

Џан Јаман е еден од најпопуларните турски актери во моментов. Секоја вест за него привлекува големо внимание како во домашните така и во странските медиуми. Актерот моментално се наоѓа во Будимпешта, Унгарија, каде работи на својот нов проект, серијата El Turco, која ќе се емитува на дигиталната платформа Дизни плус. Така, очигледно тој ќе го прослави својот роденден на снимањето на оваа нова историска серија која ќе ја раскажува приказната за вистинска историска личност, турски офицер кој ослободи италијанско село од феудалците.

Помалку или повеќе се знае за кариерата на Јаман. Подемот во кариерата на овој турски актер го следеше серијата Erkenci Kus | Рана птица во која ја играше главната улога со Демет Оздемир. Can Yaman неодамна повторно привлече големо внимание кај домашните и странските фанови со главната улога во серијата Viola Come il Mare | Purple as the Sea што се емитуваше на италијанскиот канал Cannale 5 и го имаше своето прво финале на сезоната во епизодата 12 во текот на викендот.

Покрај споменатите проекти, тој беше забележан и во сериите Dolunay и Bay Yanlis, а неговите обожаватели со нетрпение ја очекуваат серијата El Turco во која актерот ќе се појави пред масите на Disney Plus. Она што оваа турска серија ја издвојува од останатите е тоа што, како што пишуваат турските медиуми, ќе се снима на англиски јазик.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *