Лажни вести или вистина – Серенај Сарикаја и Киванч Татлитуг заедно во нова серија?! - Tvserijali - Soprevod

Лажни вести или вистина – Серенај Сарикаја и Киванч Татлитуг заедно во нова серија?!

На социјалните мрежи во Турција многу се пишува за една тема. Поточно, пишува дека Серенај Сарикаја ќе му стане партнерка на Киванч Татлитуг во новата ТВ серија!

Веќе е познато дека ќе се снима серија наречена Aile / Family. Овој проект, кој ќе биде римејк на популарната серија The Sopranos, е одложен, поточно, одложен е почетокот на снимањето. Претходно се пишуваше и зборуваше дека една од главните улоги во серијата ќе ја толкува Ибрахим Челиккол. Во меѓувреме се појави веста дека (или) во серијата ќе глуми и Киванч Татлитуг. Сега се повеќе се шушка дека Серенај Сарикаја ќе ја игра главната женска улога во серијата Ајле.

Серенај Сарикаја неодамна работеше на серијата Сахмаран на Нетфликс. Снимена е една сезона која се уште не е емитувана, а моментално се снима 2-та сезона од овој проект. Според изјавата на Сарикаја неодамна, во моментов се снимаат кадри за последната епизода од новата сезона, која ќе биде и последна за овој проект. Емитувањето на серијата Сахмаран се очекува на почетокот на следната година, барем така најави актерката во неодамнешното интервју со новинарите.

Серенај Сарикаја во тој разговор потврди дека сака да се врати на ТВ екраните. Покрај тоа, добила и неколку понуди за улоги во новата сезона, но засега не донела одлука на оваа тема. Новинарите во Турција веднаш го поврзаа ова со веста на социјалните мрежи дека Сарикаја и Киванч Татлитуг ќе глумат заедно во новата серија. Сепак, актерката изјавила дека не знае ништо за тоа и дека се уште не се согласила на ниту една нова серија. Се чини дека тоа е уште една фантазија на турските блогери, особено ако се земе предвид дека Татлитуг најави дека нема да се враќа на ТВ екраните.

Сепак, никогаш не знаете во светот на турските серии…

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *