Хазал Каја води правна битка (Фото) - Tvserijali - Soprevod

Хазал Каја води правна битка (Фото)

Турската актерка Хазал Каја повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите. Еве за што се работи.

Хазал Каја неодамна учествуваше во судскиот процес кој го доби, барем во прв степен. Актерката го тужела сопственикот и целиот процес бил завршен. Сè започнало кога Хазал се пожалила на мирис на мувлост во куќата што ја изнајмила во Гоктурк. Сопственикот тогаш не сакал да ги изврши потребните работи на куќата и закупот бил раскинат. После тоа Каја побарала да и бидат вратени парите кои ги платила однапред, а откако сопственикот одбил, актерката поднела тужба.

По истрагата, беше откриено дека актерката била во право. Куќата не била несоодветна за живеење поради немање потребна изолација. Судот наредил сопственикот да и го врати седуммесечниот капар на Каја, кој актерката го дала во моментот на првичниот договор. Но, сопственикот на куќата поднел жалба, па целиот процес ќе продолжи.

Додека трае оваа правна битка, Хазал Каја очекува ново засилување. Дополнително, потврдено е дека ќе продолжи серијата Midnight at Pera Palace, т.е. дека ќе добијат нова сезона која ќе се снима во текот на летото. Актерката на вечерата организирана од Нетфликс потврди дека ќе се појави во новата сезона на оваа популарна дигитална турска серија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *