Uncategorized
Според турските медиуми „Таквим“, Киванч Татлитуг потпиша нов договор.
Со овој договор, актерот ќе заработи рекордна сума пари кога станува збор за неговите договори за кариера и спонзорство. Поточно, станува збор за продолжување на веќе постојниот договор со компанијата Деним. Актерот извесен период е под договор со овој бренд, а сега истиот е продолжен и зголемена е сумата што ќе ја добие.
Според измените во договорот, Киванч Татлитуг ќе заработува вкупно еден милион евра годишно од Деним, или 8 милиони и 732 илјади турски лири. Убав дополнителен извор на приход за овој популарен актер.
By: TV Exposed