Uncategorized
Ситуацијата во Измир ја потресе цела Турција, и целиот свет.
Поради земјотресот што го погоди тој град, многумина се вознемирија. По тој повод, ТВ Стар донесе нова одлука. Нова епизода од серијата „Бабил“ нема да се емитува неделава. Серијата се враќа следната недела, според нормалниот и редовен распоред.
Во Измир, третиот по големина град во Турција, неколку згради беа срушени. Локалните власти воспоставија привремена населба за шатори за околу 2.000 лица и најавија дека досега се спасени околу 70 лица од урнатините. Во земјотресот загинаа најмалку 22 лица, а 786 беа повредени.
By: TV Exposed