Uncategorized
Младата актерка Ипек Филиз Јазичи привлече внимание кон себе со серијата Ask 101.
Оваа деветнаесетгодишна актерка се појави и во серијата Нов живот, каде го играше ликот на Гокча Каратан. Покрај овие серии, таа работеше и на неколку други проекти. Денес таа се најде во вестите во голем број турски медиуми. Причината за тоа не е нова работа, туку вести од приватниот живот. Актерката е во врска со добро познато име и лик во Турција.
Ипек Филиз Јазичи потврди дека е во врска со пејачот Уфук Бејдемир. Уфук е девет години постар од младата актерка, но се чини дека разликата во годините воопшто не им пречи.
By: TV Exposed