Uncategorized
Турскиот актер Озан Гувен се најде во центарот на вниманието минатата година по немилите настани. Тој е обвинет за физичко малтретирање на својата поранешна девојка. Истрагата заврши и се чека судење.
Поради целосниот карантин во сила во Турција, судењето за тој случај е одложено. Рочиштето требаше да се одржи на 30 април, но беше одложено за 19 октомври. Во меѓувреме, Озан Гувен се пресели. Во моментов живее на островот Џунда, но својата куќа ја чувал во Истанбул. Пред да започне карантинот, тој ги преместил своите работи во неговиот нов дом.
Со оглед на околностите и ситуацијата, се добива впечаток дека Озан Гувен повеќе не размислува за глума. Многумина веруваат дека неговата актерска кариера завршила на денот кога започнала приказната за наводното физичко малтретирање на поранешната девојка. Ако Гувен е навистина прогласен за виновен во овој случај и осуден, дефинитивно му заврши кариерата …
By: Milt-TV Exposed