Сила Туркоглу на местото на Алина Боз во новата серија Doc
Во турската телевизиска индустрија повторно дојде до ненадејна промена на актерската екипа. Алина Боз, која првично беше најавена како дел од новата серија Doc, нема да ја толкува улогата што беше планирана за неа.
Наместо неа, продукцијата ја ангажира Сила Туркоглу, една од најпопуларните и најбараните млади актерки во моментов.
Според информации од зад кулисите, на одлуката можел да влијае и самиот режисер Кетче, кој претходно соработуваше со Туркоглу во хит серијата Kızılcık Şerbeti. Успешната соработка, наводно, придонела за нивното повторно професионално обединување.
Ибрахим Челиккол во главната машка улога
Главната машка улога во Doc ќе ја игра Ибрахим Челиккол, актер кој секогаш предизвикува големи очекувања кај публиката. Неговото присуство веќе го зголеми интересот за серијата, чиј старт на емитување е планиран за почетокот на следната година.
Голем интерес меѓу гледачите
Серијата Doc уште пред премиерата предизвикува огромно внимание, а промената на главната актерка дополнително ги зголеми коментарите и очекувањата на гледачите.