Бунт во шпицата: Фатих од „Кизилџик Шербети“ револтиран поради новиот генерик
Во хит-серијата „Кизилџик Шербети“, која и во четвртата сезона го задржува големиот интерес на публиката, се појави нов проблем – овој пат во шпицата.

Промените во главната екипа, заминувањата и доаѓањето на нови актери сè уште одекнуваат, а сега се отвори и „криза со генерикот“.
Според информациите од продукцијата, Догукан Гјонгјор, кој го толкува ликот на Фатих, очекувал неговото име да се појави на местото каде што претходно стоеше името на Сила Тирколу. Сепак, новата актерка Серај Кија беше поставена пред него во шпицата.
Ова наводно го налутило Гјонгјор, кој престанал да ја следи официјалната страница на серијата и наводно изјавил дека нема да ги следи профилите поврзани со проектот сè додека не се направи корекција во шпицата.
