Фахрие Евчен се враќа на ТВ екраните оваа сезона! - Tурски серии со превод - Тvserijali

Фахрие Евчен се враќа на ТВ екраните оваа сезона!

Турскиот печат пренесува дека Фахрие Евчен, која се одморила од својата кариера кога станала мајка, решила да се врати на сетот откако нејзиниот син Каран наполни 2 години.
Актерката веќе разгледува понуда за серија која ќе започне кон крајот на оваа година. Фахрие доби понуда за проект со 10 епизоди, од 130 000 турски лири по епизода. Најверојатно станува збор за серијал за една од дигиталните платформи, но тие информации сè уште не се потврдени. Актерката постави услов за работниот распоред. Евчен бара таа да работи 4 дена во неделата, бидејќи воспитувањето на нејзиниот син сепак е нејзин приоритет. Покрај тоа, таа побара дополнителни мерки за заштита од коронавирус.

Во следните денови ќе го дознаеме епилогот од овие преговори, како и за која серија станува збор.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

HIDE ↓