Керем Бурсин и Ханде Ерчел – романтична или деловна вечера? - Tурски серии со превод - Тvserijali

Керем Бурсин и Ханде Ерчел – романтична или деловна вечера?

Турските медиуми сè уште бараат знаци на лубов помеѓу Керем Бурсин и неговата колешка од сетот, Ханда Ерчел.
Ханде и Ерчел беа забележани на заедничка вечера пред два дена. За краток временски период, огромен број новинари и ТВ екипи се собраа околу ресторанот. Сите имаа една цел, да овековечат неколку романтични моменти од дуото од серијата Чукај на мојата врата. Некои медиуми објавија и сензационални наслови за романтична вечера, но за време на престојот во ресторанот, парот не покажа изливи на нежност и романтични моменти. Вечераа, разговараа како и секогаш со многу насмевки, но ништо повеќе од тоа. Вечерата следеше по состанокот на актерите и нивните менаџери во канцеларијата на МФ Јапим.

Ханде и Керем уште еднаш потврдија дека има одлична атмосфера на снимањето на серијата, и дека пријателството е присутно на секој чекор. Прашањата за тоа дали има нешто повеќе од пријателство меѓу нив, повторно ги насмеаја. Што мислите, дали Ханде и Керем вешто ја кријат својата врска или сепак се само пријатели?

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

HIDE ↓