Uncategorized
Турската серија Мој дом доби нов член на актерската екипа.
Договорот за вработување беше потпишан и новиот член се состана со своите колеги на сетот. Станува збор за актерот Каан Алтај Копурулу. Тој ќе има премиера во една од следните епизоди и ќе го игра ликот по име Саваш. Каан Алтај Копрулу досега има глумено во само една ТВ серија. Станува збор за серијата Тек Јурек во која тој играше лик по име Акиф Гулмез. Добро се снајде во таа серија, па се очекува лесно и брзо да се вклопи во колегите на сетот од серијата Мој дом.
By: TV Exposed