Uncategorized
Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озчивит наскоро ќе го прослави својот роденден.
За точно седум дена, на 24 декември, актерот ќе наполни 36 години. Бурак веќе проговори за ова прашање и имаше посебно барање до своите фанови. Бурак не сака подароци, но ги замоли сите свои следбеници и обожаватели да донираат пари наместо подароци во фондација што им помага на луѓето кои се борат со рак. Убав и хуман гест на овој навистина одличен актер.
Потсетуваме, Бурак Озчивит неодамна беше награден од турските новинари како најдобар актер во 2020 година. Тој беше избран за најдобар актер оваа година од Здружението на радио и телевизиски новинари. Во моментов ја игра главната улога во историската серија Курулуш Осман.
By: TV Exposed