Uncategorized
Во моментов сме меѓу премиерите на два големи проекти во кои е вклучен актерот Чагатај Улусој.
Една од нив беше вчера. Во петокот, на 12 март, премиерно беше прикажан филмот Кагитан Хајатлар на дигиталната платформа Нетфликс. Ова е првпат Чагатај да биде не само актер, туку и креативен продуцент на проектот. Во април следува уште една премиера. Станува збор за историска серија Yesilcam која е направена за Blu TV и од која има многу големи очекувања. Во периодот помеѓу двете премиери, медиумите во Турција се занимаваа и со приватниот живот на славниот актер.
По повод премиерата на филмот, Чагатај Улусој и неговата подобра половина дадоа интервју. Во него тие ги негираа сите обвинувања во врска со прекинувањето на нивната лубовна врска. Двојката е среќна заедно и не размислува да раскине. По ова интервју, медиумите во Турција се откажаа од вестите поврзани со наводното раскинување. Сега фокусот е исклучиво на работата на Улусој, што тој го стори многу добро судејќи според рецензиите на филмот.
By: TV Exposed