Озге Гурел во италијанска серија?! - Tvserijali - Soprevod

Озге Гурел во италијанска серија?!

Добри вести за обожавателите на турската актерка Озге Гурел. Нивната омилена актерка наскоро би можела да се врати на ТВ екраните.

Сепак, тоа враќање би можело да биде надвор од Турција, односно надвор од турските серии. Озге Гурел е многу популарна во Италија. Причина за тоа се нејзините серии, кои беа многу забележани и успешни во таа земја. Гурел ќе патува за Рим во наредните денови. Турската актерка има понуди за неколку реклами во Италија, а покрај тоа има добиено и понуди за серии. Озге доби четири понуди од производители во таа земја и ќе разговара со нив во Рим. Доколку се постигне договор, таа ќе се врати во Италија на лето за да снима нови проекти.

Озге Гурел не недостасува ниту во Турција. Во моментов преговара со осум различни понуди од маркетинг карактер и чита сценарија за улоги во ТВ серии и филмови. Се чини дека оваа одлична актерка наскоро ќе се врати на екраните, останува да видиме дали во Италија или во Турција.

By: Milt-TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *