Uncategorized
Две години откако започна судењето, турскиот актер Неџати Сасмаз официјално се разведе од сопругата Нагехан Сасмаз. Потсетуваме, Нагехан го обвини Нечати за семејно насилство.
Неговата поранешна сопруга побара 20 милиони турски лири како надомест на нематеријална штета. Нечати поднесе противтужба со барање од 10 милиони турски лири. Сепак, судот ги отфрли обете тужби. Донесена е одлука нивните деца да останат кај госпоѓа Сасмаз.
Неџати Сасмаз ќе мора да плаќа 16.000 турски лири месечно како алиментација за нивните две деца. За време на празниците, децата ќе можат да останат со својот татко.
Судот исто така донесе одлука за забрана за патување на децата во странство без согласност на другиот родител.
By: Milt-TV Exposed