Акин Акиноза му помага на болно дете - Tурски серии со превод - Тvserijali

Акин Акиноза му помага на болно дете

Демет Евгар вчера одржа уште едно обраќање во живо, со цел да собере средства за помош и лекување на момчето Миран кое боледува од СМА болест. За време на преносот во живо, актерката покани и други колеги да се придружат на собирање средства.

Првиот што реагираше беше Акин Акинозу. Тој веќе ја даде својата донација, веднаш на почетокот на собирањето средства. За време на обраќањето во живо од Демет, Акин го стави својот костум на аукција. Станува збор за облеката што ја носеше еднаш и која, како што рече, му донесе среќа. Станува збор за костумот што го носеше на првиот ден од снимањето на серијата Херџаи. Тоа е гардероба во која публиката за прв пат го виде Миран Асланбеј.

Убав гест на актер кој во минатото не беше баш омилен во медиумите и нивните текстови. Многу се пишуваше за разни скандали, но со овој гест Акин покажа дека сè уште има големо срце. Нешто за што никогаш не се ни сомневавме.

By: Milt-TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

HIDE ↓