Кенан Имирзалиоглу (се уште) не размислува за враќање во сериите - Tvserijali - Soprevod

Кенан Имирзалиоглу (се уште) не размислува за враќање во сериите

Турскиот актер Кенан Имирзалиоглу се уште е еден од милениците на голем број љубители на турските серии. Сите тие би сакале Кенан повторно да го видат на ТВ екраните.

Кенан Имирзалиоглу често го поврзуваат со некои нови проекти, односно ТВ серии. Сепак, одамна го немаме видено на екраните. Како што стојат работите, чекањето за неговото враќање ќе биде долго. Така барем тврди самиот актер.

Имирзалиоглу беше виден во трговскиот центар Кањон каде даде кратко интервју. Во разговор со членовите на медиумите тој откри дека не размислува за враќање во серијата, барем не во моментов. Кенан изјави дека се чувствува одлично како водител на квизот „Кој сака да биде милионер“ и дека сè уште нема да се врати во серијата. На овој начин тој лично ја демантираше веста која се појави неодамна, а во која се тврдеше дека Имирзалиоглу се враќа на ТВ екраните.

За кариерата на овој популарен турски актер веќе се е познато. Неговата последна улога беше во серијата Алеф во 2020 година. Оттогаш не сме го виделе во нови проекти, но се посвети на водителството, односно на квиз емисиите. Каде и да работеше – беше одличен. Легендарни се неговите улоги во сериите Езел, Дели Јурек и Карадаи. Досега има работено во 15 различни проекти, а неговата прва улога беше во ТВ серијата Кајгисизлар во 1998 година, каде го толкуваше ликот Елеман 4.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *