Uncategorized
Пред неколку недели турската актерка Фахрие Евџан и сопруга на актерот Бурак Озчивит, беше хоспитализирана поради влошена здравствена состојба во бременоста. Тогаш, нејзиниот сопруг изјави дека Фахрие е добро и дека наскоро ќе излезе од болница, а дека се работи само за настинка. Турските медиуми ги следат во чекор, а сега ги зачекаа како излегуваат од болницата држејќи се за рака.Очигледно е дека Фахрие брои ситно до породувањето, а нејзиниот труднички стомак сега е најголем.Наскоро очекуваме да се појави и веста дека познатите турски актери го добиле својот прв син, а неодамна од медиумите им беа понудени неколку милиони за да добијат ексклузива да го покажат лицето на бебето.

