Џихан од „Парампарче“ : Погрешив за Ѓулсерен, бев глупав и се каам - Tvserijali - Soprevod

Џихан од „Парампарче“ : Погрешив за Ѓулсерен, бев глупав и се каам

Време е и за другата страна – интервју со Џихан од “Парампарче”
Кога би можел да го вратам времето, никогаш не би и приредил такво нешто. Од мојата уста излегоа некои потполно бесмислени работи, а настанот поприми невидени размери поради социјалните мрежи.


Големиот скандал кој се случи за време на снимањето на хит серијата “Парампарче” беше најжешка тема во турските медиуми. Судирот меѓу главните актери Еркан Петеккаја (Џихан) и Нурѓул Јешличај (Ѓулсерен), ја разбранува турската јавност, по што следеше судска разврска во која актерката гo тужеше нејзиниот колега за мобинг и го доби спорот против Еркан. ТВ Пакет пишуваше за целиот случај и објави ексклузивно интервју со Нурѓул :
За тој случај и ден денес се зборува – таа го напушти проектот затоа што веќе не можеше да го поднесе неговото изживување, а нејзиниот лик Ѓулсерен мораше да умре. А пак тој во своја одбрана рече дека Нурѓул нема да смее да излезе на улица ако проговори за сѐ што се случуваше позади камерите. Неколку месеци после скандалот, бурата малку стивна, а главниот актер одлучи да раскаже за сѐ она што се случуваше. Да ја слушнеме и другата страна од приказната, интервју со Еркан Петеккаја, познатиот турски актер :

Многумина се свртија против вас после расправијата со Нурѓул Јешилчај. Што всушност се случуваше?
– Многу од работите кои им ги кажав на новинарите беа неофицијални. Ги убедував да не пишуваат за тоа бидејќи ќе настане хаос. Што можев после да направам? Како да интервенирам? Така е кога разговарате по телефон и личноста од другата страна не го гледа вашето лице. Значи ако тогаш зборувате нешто налутено, таа личност нема да знае каде е запирка, а каде точка во вашата реченица и сѐ може да биде сфатено потполно погрешно. Тогаш веќе нема враќање назад.

Дали подоцна се покајавте?
– Секако дека да. Направив нешто глупаво и потполно непромислено. Паднав во рацете на луѓе кои веќе не ме сакаа. Ме поставија низ сите медиуми велејќи дека газам на женските права. Лично сметам дека правата на жените се битни, но не ги делам луѓето според тоа дали се мажи или жени.
Кога би можеле да го вратите времето, дали би постапиле исто?
– Се разбира дека не. Од мојата уста излезе нешто потполно бесмислено. Но се случи… Сепак, има и полоши работи од тоа. Сето тоа наиде на големо внимание поради социјалните мрежи. Сите во рацете ги држат телефоните, никој со никој не разговара, луѓето само коментираат. Поради тоа, значењето на овој настан поприми невидени размери.
Ајде да се вратиме на серијата “Парампарче”. Со оглед на тоа што рејтингот падна, мислите ли дека серијата ќе опстои?
– Новата (трета) сезона доведе промени кои ја изненадија публиката. Децата пораснаа и сега сценариото е повеќе прилагодено кон нив. Сепак, мислам дека промените беа повеќе од потребни, за гледачите и понатаму да би биле заинтересирани да ја следат серијата.

Во Турција, во истиот термин кога се емитува серијата “Парампарче” на конкурентската телевизија се емитува новата серија на Арас Булут Ијнемли кој беше ваш син во серијата “Бурни времиња”…
– Не ја заборавајте и Ајча Бинѓол, и таа има нова серија која се емитува во истиот термин. Секако дека сум многу среќен поради нив и на двајцата им посакувам многу успех во нивните нови проекти. Бидејќи прашањето се однесуваше на Арас, можам само да додадам дека тој е исклучително добра личност, дури и денес го гледам како син и му посакувам сѐ најдобро.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *