Uncategorized
Во турската воена драма „ Vatanım Sensin“ каде главните улоги ги имаат актерите Халит Ергенџ и Бергузар Корел како Џевдет и Азизе, вниманието го привлекуваат и млади актери кои се истакнуваат со своите улоги.Сценариото ги третира последните години од Отоманската империја и турската војна за независноста и ослободувањето на Измир од грчката окупација. Па така, покрај славните актери во главната улога, како грчки поткомандант се појавува младиот 26 годишен турски актер Боран Кузум.

Тој е роден на 1-ви октомври 1992 година во Анкара, а станува познат токму по улогара на Леон во турската воена драма.За неговата приватност и љубовниот живот не се познати детали, но младиот актер е доста активен на социјалните мрежи каде може да се погледнат доста фотографии од снимањата и секојдневнието.Она што може да се забележи е дека за ралика од арогантниот, но кревок војник Леон, Боран во приватноста е атрактивно момче со многу обожавателки.



