Uncategorized
Познатиот турски актер Муса Узунлар, кој македонската публика го запозна преку улогата на татко Бахри од серијата “Мојот син” во приватниот живот е потполно различен. Тој и покрај тоа што најчесто има улога на негативец важи за еден од најхаризматичните актери во Турција, и иако не е од помладата генерација ги користи социјалните мрежи и е доста активен..Од фотографиите што ги објавува на Инстаграм може да видите дека знае да свири на гитара, но и дека го бива за шминкање, улога во која сигурно не сте го замислувале досега. Татко Бахри го гледавме и во серијата “Долината на волците”.