Uncategorized
Тие веќе не се кријат.
Турскиот актер Каан Јилдирим е во врска со белгиско-турската пејачка и текстописец Хадисе. Турските медиуми долго време шпекулираат дека парот е во врска, но досега немало конкретни докази. Каан денес на својот профил на Инстаграм објави фотографија со пејачката и ги отстрани сите дилеми. Двојката е на годишен одмор, каде е направена оваа слика.
Каан Јилдирим е познат во јавноста по својата работа во сериите Hekimoglu, Halka, Insanlik Sucu, Ulan Istanbul, Adi Mutluluk и други проекти. Тој беше во брак со неговата колешка Езги Ејибоглу, која траеше од 2016 до 2019 година.
By: TV Exposed
