Турскиот актер Кенан Имирзалиоглу беше забележан од новинарите во областа Етилер. По излегувањето од фризерскиот салон, популарниот актер даде кратко интервју за медиумите.

Кенан Имирзалиоглу зборуваше на повеќе теми. Прво ги допре гласините за негова разделба од сопругата. Кенан рече дека тоа е чиста глупост и нема ништо слично. Потоа следеа прашања од новинарите.
Најмногу ги интересираше ставот на Имирзалиоглу за изјавата на Фарах Зејнеп Абдула, која рече дека актерките за серии се избираат како домати на пазарот, односно се бараат само убави лица на екранот. Кенан се насмеал на оваа тема и рекол дека би сакал тие зборови да ги слушне директно од усните на Фара и дека дури тогаш може да има мислење. На овој начин тој нема што да каже по ова прашање. Кога медиумите инсистираа дека актерката навистина го кажала тоа, Кенан Имирзалиоглу рече дека не мисли така и дека според него не било како што е претставено.
Во изминатиот период се споменуваше дека Кенан ќе работи на нова серија на ТВ Фокс. Според турските медиуми, преговорите се во напредна фаза. Гласините велат дека партнери на Имирзалиоглу во серијата би можеле да бидат Кансу Дере или Дениз Чакир. Останува да видиме колку вистина има во сето ова. Актерот овој пат не зборуваше на оваа тема.