Турската актерка Мелиса Асли Памук е навистина многу талентирана. Актерката има голем број обожаватели кои со нетрпение го очекуваат секој нејзин нов проект.

Во нејзините претходни три серии, Мелиса Асли Памук беше одлична. Актерката одлично ја одигра улогата во серијата Yeni Hayat | Нов живот и штета што проектот не траеше подолго. Потоа накратко работеше во ТВ серијата Кирмизи Ода | Црвената соба во која се појави во шест епизоди, но остави многу добар впечаток. После тоа таа е актерка во дигиталната серија Hayaller ve Hayatlar | Dreams and Life каде уште еднаш го покажа својот прекрасен талент.
Убавата актерка во своето ново интервју зборуваше за улогата од соништата. Мелиса Асли Памук призна дека фантазира да го прикаже ликот на женски суперхерој како Catwoman. Покрај тоа, актерката изјави дека е многу добра во сцените со борби. Останува да видиме дали оваа желба на актерката можеби ќе и се оствари во иднина.
Она што е познато е дека Мелиса ќе се појави во новата серија EGO – Erkege Güven Olmaz | На мажите не им се верува. Во тој проект таа повторно ќе глуми со Алперен Дујмаз со која беше партнер во серијата Carpisma | Судир.