Која е Јилдиз од Забрането јаболко? Од каде е Еда Еџе и колку години има? - Tvserijali - Soprevod

Која е Јилдиз од Забрането јаболко? Од каде е Еда Еџе и колку години има?


Популарната серија која се емитува сеуште на FOX TV, Забрането јаболко, продолжува да де забавува. Се интересирате и за актерите од феноменалната серија Забрането јаболко, која ја прави публиката многу љубопитна со својата тема. Една од овие актери е и популарната актерка Еда Еџе, која му даде живот на ликот на Јилдиз во серијата. Па која е Еда Еџе? Колку години има Еда Еџе и од каде е? Животот и деталите на Еда Еџе ви ги составивме во текстот подоле..

Еда Еџе е родена на 20 јуни 1990 година во Истанбул. Дипломирала во гимназијата Шишли Тераки, а потоа и на Универзитетот Билги во Истанбул, катедрата за психологија. Таа е најмладата во семејство од 3 девојчиња. Таа се здоби со признание со првата главна улога во серијата Пис Једили, која се емитуваше на Шоу ТВ во 2011 година. Таа глумеше во филмот За мојата ќерка во 2013 година. Таа беше вклучена и во серијата „Вака сакај ме“ со ликот на Зејно во ТВ серијата која се емитуваше на ТРТ 1.

Во 2015 година играше во филмот Кочан Кадар Конуш и играше во ТВ серијата Илишки дурум, Каришик. Во 2016 година глумеше во филмот Кочан Кадар: Дирилиш и филмот Горемче. Таа играше во телевизискиот филм „Махрумлар“ а во 2017 година, зеде улога во филмот наречен Приказни за Деде Коркут: Дели Думрул.

Од 2018 игра во серијата Забрането јаболко во улогата на Јилдиз и е една од најсимпатичните актерки во серијата.. Серијата сеуште се емитува на турскиот канал и очекуваме да продолжи новата сезона и во нашите канали поточно на Канал 5.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *