Сарп Апак овојпат ја расплака својата публика!! - Tvserijali - Soprevod

Сарп Апак овојпат ја расплака својата публика!!

Сарп Апак, кој ја играше главната улога заедно со Ојку Карајел и Акин Акинозу во серијата „Игра на судбината“, се појави со драматична глума додека му дава живот на Махир, за разлика од другите продукции во кои глумел.


Успешното име, кое остана запаметено со комичните улоги, подвлекува дека сценариото врз него имало силно влијание од првиот момент кога го добил.

Сарп Апак за неговата улога на Махир: „Кога дојде сценариото, не можев да го спуштам. Многу ме погодија невиноста и тагата на Махир. Ние сме многу добро подготвени за нашата работа. Има силна приказна и тим. Се надевам дека и на публиката и се допаднало серијата исто како и на нас“.

„Махир најмногу ме импресионираше како драмски лик. Бев тажен кога ја прочитав анализата на ликот. Најневината и безгрешната личност во приказната е всушност Махир. И покрај тоа што му се случија многу работи, ништо од тоа не беше негова вина, неговата невиност беше нешто што ме погоди поинаку. Благодарение на она низ што помина, се разви и се претвори во волк-самец и неговата сила ме привлече. Најсуштински, можам да кажам дека не пропаѓа и покрај сето она што го помина, и дека опстојува и продолжува” кажа Сарп во неговата изјава.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *