Асли Енвер, која минатата година се омажи за бизнисменот Беркин Гокбудак, сега е возбудена што ќе стане мајка. Познатата актерка која е бремена во 6,5 месец, со следбениците ја сподели својата најнова состојба
Асли Енвер, која достигна голема бројка на обожаватели со нејзините улоги во продукции како „Истанбулска невеста“, „Кавак Јелери“ и „Сускунлар“, се омажи за Беркин Гокбудак минатиот ноември и кратко време подоцна објави дека е бремена..
Броејќи ги деновите за да стане мајка, Енвер на својот профил на социјалните мрежи објави видео што го снимила во автомобилот. Истакнатиот стомак на 38-годишната актерка не остана незабележан.