Sadakatsiz е нова турска серија која крена голема прашина. За тоа се разговарало и во државниот цензор РТУК. Еден факт ги изненади и претставниците на медиумите и сите љубители на турските серии. Премиерата на серијата е закажана за среда, 7 октомври. Така, за два дена треба да почне да се емитува серијата која досега имаше …
Sadakatsiz е нова турска серија која крена голема прашина.
За тоа се разговарало и во државниот цензор РТУК. Еден факт ги изненади и претставниците на медиумите и сите љубители на турските серии. Премиерата на серијата е закажана за среда, 7 октомври. Така, за два дена треба да започне емитувањето на серијата која досега имаше само една видео најава. Ваква ситуација ретко се гледа. По ова обично следува објавување на целата серија, особено најавата за првата епизода. Често повеќе видео објави, се со цел да се заинтересираат гледачите за заплетот и самата серија. Серијата е пред премиера, а луѓето од продукцијата и каналот на кој ќе се емитува на гледачите им ја претставија навистина скромно, со една најава која трае околу една минута.
Не се знае која е причината за ваквата навистина изненадувачка одлука… Серијата Садакациз ќе се емитува на Канал Д.