Нова прекрасна турска серија на Канал 5 – Ритамот на срцето… - Tvserijali - Soprevod

Нова прекрасна турска серија на Канал 5 – Ритамот на срцето…

Колку и да е суров светот, секогаш има луѓе кои докажуваат дека доброто ќе победи.
Инспиративна приказна за девојка која го започнала својот живот како губитник, која немала ништо друго освен својот гнев, но му возвратила на тешкиот живот така што станала успешен хирург.


Приказна за младата, убава но и бунтовна девојка Ејлул која неколку пати го менувала училиштето поради нејзиното проблематично однесување. Последниот пат кога ја исфрлиле од училиште, татко и ја напуштил и ја оставил да живее со нејзината баба, која водела мал пансион во Мармарис. Од тој ден и нејзиниот живот комплетно ќе се промени.

Таму, во јужното одморалиште, го запознава својот професор Али Асаф – кој ќе стане нејзината најголема инспирација. Додека тие негуваат тајна љубов еден кон друг, иднината на Ејлул е обликувана од пријателства, непријателства и уште еден настан кој ќе и го промени животот. За време на операција во болница, нејзината баба умира, поткопувајќи го нејзиниот новооткриен оптимизам.

Али Асаф го открива талентот кој се крие зад бунтовната маска на Ејлул и тој ќе и биде најголемиот мотиватор да стане доктор. Но, се заљубува во неа и поради едно големо недоразбирање ќе биде отпуштен од училиштето каде што предава. Бегајќи во САД, тој ја продолжува својата кариера како лекар. Дванаесет години подоцна, тој се враќа на работа во болницата во сопственост на неговиот татко, нивните животи повторно се испреплетуваат, но овој пат како двајца успешни доктори.
Преземено од Канал5 / kanal5.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *