Слушни ме! – Нова серија на Канал 5 која носи силна порака! (ВИДЕО) - Tvserijali - Soprevod

Слушни ме! – Нова серија на Канал 5 која носи силна порака! (ВИДЕО)

Серија за група средношколци од едно елитно училиште, чија тема е врсничкото малтретирање, социјалната неправда, дисфункционалните семејства но и неизбежната средношколска љубов.


Еким и Лејла се две најдобри другарки од едно скромно маало. Водат безгрижен живот, а Лејла сонува да се запише во елитното училиште Герчек. Еден ден, Лејла ќе доживи сообраќајна несреќа откако во неа ќе удри човек со мистериозна маска и ќе избега, а автомобилот ќе го остави на паркингот од елитното училиште. Со цел да не се прошири веста за сообраќајката што ја остава Лејла во инвалидска количка, директорот на гимназијата решава да стипендира тројца ученици од маалото, Еким, Бекир и Ајше.

Мелиса е ќерка на сопственикот на училиштето. Таа е мајстор за шеги и не се двоуми да им го загорчи животот на сите во училиштето.
Канат е млад човек полн со гнев. Тој живее во семејство каде што психичкото и физичкото насилство се секојдневие.

Еким е борец за правда – таа, барајќи го виновникот, ќе ја доживее најлошата форма на насилство од своите врсници, но и ќе ја искуси вистинската љубов која ќе ги помести сите граници.
СЛУШНИ МЕ! – Серија која ќе ни ја покаже и суровата реалност во која живее денешната младина.
Превземено од Канал 5 Телевизија

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *