Нова прекрасна серија на Канал 5 – Насекаде ти.. НАСКОРО - Tvserijali - Soprevod

Нова прекрасна серија на Канал 5 – Насекаде ти.. НАСКОРО

Селин е амбициозна и вредна млада жена која гледа на животот како на мозаик. Но, за да биде целосен, треба да ги има сите парчиња, зарем не?
Сликата станува целосна кога ќе ја купи совршената мала куќа. Дали е тоа така? Или можеби само навидум?
Демир е млад, успешен бизнисмен со светска кариера. Доаѓа до крстопат во животот на кој одлучува да се врати таму од каде што се започнало, во својата родна земја, во куќата во која пораснал. Но, откако ќе ја купи куќата, започнува неговата борба.
Нивната желба за совршен и идиличен живот се руши кога ќе се соочат со реалноста!
Излегува дека секој поседува само половина од имотот што го купил од семејство кое веќе е во војна за куќата.
Како да не е доволно ненадејното делење на куќата со непожелен странец, кога Селин доаѓа на работа, дознава дека нејзината компанија ја презел нов инвеститор. Животот како да ја става пред постојани искушенија и не и дозволува да биде целосна и среќна.
Со оглед на тоа што Демир и Селин не можат да се избегнат еден со друг во приватниот и професионалнопт живот, има и нешто друго што не можат да го избегнат – силната хемија што се гради помеѓу страсниот, згоден, млад бизнисмен и убавата, креативна и талентирана архитектка. Како што се зголемуваат тензиите и на работното место и дома, почнува да цвета романса во оваа шармантна, романтична серија која ќе ги освои вашите срца

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *