Малите Сонца – Нова прекрасна турска серија на Сител… (ВИДЕО) - Tvserijali - Soprevod

Малите Сонца – Нова прекрасна турска серија на Сител… (ВИДЕО)

Ѕвездите од познатите играни продукции овојпат во нова емотивна серија за љубов, скриени тајни и борба за спас на едно детство. Топла приказна за малите сонца кои ни ги греат срцата и заради кои вреди да живееме и да се жртвуваме.
Човек никогаш нема да знае, но можеби најголемиот подарок е болката што мисли дека не може да ја поднесе. Токму таа болка за младата Елиф ќе донесе нешто кое не го очекуваше, но желно го посакуваше.

Среќна и исполнета сѐ до моментот кога нејзиниот сопруг Хакан умира во сообраќајна несреќа. Тагата е голема, но разочарувањето станува уште поголемо кога дознава дека нејзиниот сопруг имал малечка ќерка за која никој не знаел. Згора на тоа, младата девојка сфаќа дека Хакан бил до гуша во долгови кон банките. Одеднаш за неа се руши целиот свет, а сета хармонија се претвора во очај и проблеми. Нејзиниот сопруг водел двоен живот за кој таа самата никогаш не се ни посомневала.
Но, по игра на судбината, сега го запознава Фират, згоден и храбар бизнисмен кој сфаќа дека малото девојче е всушност негова внука, ќерка на неговата сестра Дила. Дила била љубовница на Хакан, забременила, но никогаш не можела и не сакала да прифати дека тоа дете е нејзино. Затоа и Хакан се грижел за детето, а сега Дила се соочува со психички проблеми и прифаќање на идејата дека е мајка. Во меѓувреме, Елиф е таа која ќе се грижи за малата Ѓунеш, а во тоа ќе ѝ помага Фират. Малото сонце не само што ќе ги разубави нивните животи, туку ќе успее и да ги спои несреќните срца и да им даде надеж за повторно да сакаат, повторно да уживаат и повторно да се среќни.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *