Писмо за збогум – Нова интересна серија на Канал 5 - Tvserijali - Soprevod

Писмо за збогум – Нова интересна серија на Канал 5

Eдно сведоштво, една тајна, една лузна во времето која испишува судбина!
„Писмо за збогум” кое ја открива тајната од минатото, тајната за една вистинска љубов и еден сташен грев!


Приказна за Аланур, модерна и силна, деловна жена и Зија, бизнисмен од Антакија, кој ја почитува традицијата, за нивната забранета љубов која времето не успева да ја уништи. Две млади души на сила разделени судбината ќе ги спои по многу години, но, овој пат нивната приказна ќе го добие вистинскиот облик.
Асли е весела, млада девојка која оди во средно училиште. За разлика од нејзината постара сестра, Бесте таа е бунтовна и сама одлучува за своите избори. По дипломирањето, таа планира да замине во Франција за да студира на Правниот факултет, иако сонува да стане танчерка. Со својата силна личност и бунтовен карактер, Асли наликува на својата мајка, Аланур.

Мехмет е најстариот син на Зија и Сехер, која уште како млада е силно вљубена во Зија, па затоа прави страшен грев за да го одвои од неговата вистинска љубов. И покрај се’ таа никогаш не успева да ја освои љубовта на својот сопруг, цел живот живее со скршено срце и во сенка на друга жена.
Години подоцна љубовната приказна на Асли и Мехмед, ќе ги спои патиштата на овие луѓе повторно. Иако сите ќе се борат против оваа љубов, Асли и Мехмед ќе ја предизвикаат субината, со силата на нивната љубов ќе ги надминат сите препреки но, дали ќе успеат да ги залечат и лузните од минатото?


Многу рани ќе бидат отворени, многу тајни откриени, старата болка ќе оживее но, дали тоа ќе ја оживее и старата љубов?
Кој го напишал писмото кое им ги уништува животите двајца млади луѓе, кој стои во сенката на тој грев…кој им ја украл среќата и правото на љубов… поради кого патат тие?
„ПИСМО ЗА ЗБОГУМ” нова играна серија на Канал 5 со емотивна приказна која ќе ги омекне и најтврдите срца!
Превземено од Канал5 – kanal5.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *