Грешници – Прекрасна дневна серија на Канал 5 (ВИДЕО) - Tvserijali - Soprevod

Грешници – Прекрасна дневна серија на Канал 5 (ВИДЕО)

Гневот е зандана за нашите души, станавме луѓе со очи од пепел, со очи од мрак. Се’ покус ни е поривот за плач и се’ потесен кројот на нашата кожа. Гревот – ерес ни е! Чија е казната што ја плаќаме ние?
Една поинаква приказна за љубовта, одмаздата и гревот!
Орхун Демирханли е успешен деловен човек кој израснал во богато семејство, но без љубов, заедно со неговата сестра близначка Нихан, помладата сестра Нуршах и нивната ладна, бесчуствителна мајка, Афифе.
Нихан оди во Еритреја како лекар – волонтер и покрај неодобрувањето на нејзиното семејство. Но, по некое време семејството губи секаков контакт со неа. Како глава на семејството, Орхун решава да замине во Еритреја за да ја врати својата сестра во Истанбул. Сосема случајно, среде пустина, наидува на Хира, убава, млада девојка која е затвореник на локална банда, трговци со луѓе. Тој ја спасува Хира од овие луѓе но, не успева да ја спаси и својата сестра.
Кога дознава за смртта на својата сестра, Орхун се распаѓа. Изгубен во виорот на омразата тој решава да ги казни сите што имаат врска со смртта на Нихан.
Ја зема Хира во Истанбул и и’ го загорчува животот. Тој решава дека ќе ја убива секој ден по малку, секој здив и го претвора во отров, правејќи и’ да го плаќа својот грев одново и одново… Но, со текот на времето многу тајни излегуваат на виделина, многу вистини се откриваат…
Дали, Хира е осудена на заробеништво цел живот или пак судбината има поинаков план за неа?
Дали, кога грешниците ќе си ги исплатат своите долгови следува искупување?
Дали, од ваква омраза може да се роди вистинска љубов? Превземено од Канал5 – Kanal5.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *