Девојката од прозорецот стана мајка! (Фото) - Tvserijali - Soprevod

Девојката од прозорецот стана мајка! (Фото)

Познатата актерка на филмови и серии, Бурчу Биричик стана мајка за прв пат! За Биричик често се зборуваше за нејзиниот успех во уметничкиот живот, но често беше и на насловните страници на списанијата, каде нејзиното име беше испишано во насловите на разни написи кои раскажуваа детали од нејзиниот среќен брак со фотографот Емре Јеткин.


Во последните неколку месеци на социјалните мрежи често гледаме слики од бремената актерка која изгледаше неверојатно со заоблениот стомак! Неодамна среќната вест дека станала мајка ја објави и самата актерка. Парот станал родители на ќерка на која и дале име Луна и првите часови со неа ги поминуваат посреќни и повозбудени од кога било досега. 35-годишната актерка ја роди ќерката на 15 јули во Истанбул и објави дека и двете се во добра здравствена состојба.

Бурчу Биричик и понатаму останува запаметена кај публиката на Сител со портретирањето на ликот на Налан во незаборавната серија Девојката од прозорецот или со ликот на Дила во импресивната серија „Гавран“ каде главната улога ја сподели со познатиот актер Бариш Ардуч и каде дуото заедно со други познати актери задржаа стотици гледачи залепени за екранот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *