Познатата актерка Елчин Сангу, која веќе подолго време е повлечена од екраните, изјавила дека поголемиот дел од летните месеци ги поминувала дома. Протагонистката на незаборавната серија „Љубов под кирија“, во интервју дадено последниве денови, изјави дека уживала во мирот, и воопшто не и влијаело годините (39 години), да го промени статусот. „Со најголема смиреност ги дочекувам моите 40-ти.
На оваа возраст нема потреба од стрес, бидејќи знаеш да читаш умови и луѓе, а пред се добро се познаваш себеси“. Овие изјави на црвенокосата актерка го привлекоа вниманието на нејзините обожаватели. Меѓу другото, Сангу зборуваше и за важноста што ја придава на психолошката, духовната и физичката благосостојба, наведувајќи: „Селективна сум во она што го консумирам, работите и луѓето околу мене“.