Нова прекрасна серија на Сител “Затвореник”! Напнатост и мистериии! - Tvserijali - Soprevod

Нова прекрасна серија на Сител “Затвореник”! Напнатост и мистериии!

Фират Булут работи како обвинител и има сè во животот – големо искуство, прекрасно семејство и почит од неговите колеги и пријатели.


Но, еден ден тој се буди и се наоѓа во затвор, обвинет за убиството на неговите сопруга и ќерка. Последното нешто што се сеќава е дека го славеле роденденот на нивната ќерка пред пет месеци – но оттогаш до денот кога се буди, сè во умот му е празно. Без сеќавање и без пријатели да му помогнат, Фират мора да се обиде да го реши убиството на неговото семејство од внатрешноста на затворската ќелија. Неговата единствена трага можеби доаѓа од последниот случај на кој работел пред да изгуби сè одненадеж. Следува опасна игра за откривање на вистината.

Игра во која многу работи се нејасни и каде трагите се заплеткуваат во мрежа од лаги. Јазолот е тешко да се отплетка, но за да си го поврати сеќавањето и да сфати што се случило, затвореникот ќе мора да помине долга и напната авантура во потрага по правдата. Возбудлива и интригантна мистерија што ќе донесе свежина во телевизискиот етер. Серија номинирана во категоријата за најдобра светска драмска серија на меѓународните телевизиски награди во Јужна Кореја.

Серија која ќе ве држи будни и во исчекување сѐ до самиот крај затоа што ништо не е онака како што изгледа. Ексклузивно на Сител – светска серија поразлична од другите !

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *