Кој е ,,Затвореникот” Фират Булат – Дознајте повеќе за оваа убава серија! - Tvserijali - Soprevod

Кој е ,,Затвореникот” Фират Булат – Дознајте повеќе за оваа убава серија!

Нова, сосема поинаква, интригантна приказна правена по урнек на американските серии кои оставаат без здив. “Затвореник” ја носи приказната за Фират Булут, главен јавен обвинител во истанбулскиот суд. Тој има сè во животот : големо искуство, прекрасно семејство и почит од неговите колеги и пријатели.


Но, еден ден Фират се буди и се наоѓа во затвор, обвинет за убиството на неговата сопруга Зејнеп и ќерката Назли. Последното нешто што се сеќава е дека го славеле роденденот на својата ќерка пред пет месеци – но оттогаш до денот кога се буди, сè во умот му е празно.

Без сеќавање и без пријатели да му помогнат, Фират мора да се обиде да го реши убиството на неговото семејство од внатрешноста на затворската ќелија.
Неговата единствена трага можеби доаѓа од последниот случај на кој работел пред да изгуби сè одненадеж. Случајот со семејството Јесари, најмоќното истанбулско семејство и особено со Бариш, бунтовниот, манипулативен и злобен психопат на Јесариеви.

Фират Булут е храбар, одлучен и сигурен во себе. И сега, а и порано тој не може да ги прифати неправдите. Пред да биде во затвор, се борел безмилосно против криминалците, а сега ќе мора да се бори за да се спаси самиот себе од таму каде што е внесен – затворската ќелија.
Следете ја потрагата по правда на Фират од понеделник до петок на Сител во новата хит серија – “Затвореник”. Серија номинирана за најдобра драма!
Превземено од tvpaket.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *