Познатиот турски актер Кенан Имирзалыоглу ќе ја има главната улога во новата серија на продукциската куќа OGM Pictures, насловена Aile Bir İmtihandır (Семејството е искушение).
Овој камбек на Кенан на ТВ екраните донесе огромно воодушевување кај неговите обожаватели ширум регионот.

🔸 Синопсис:
Во новата драма, Кенан го толкува ликот на маж кој пред многу години ги прекинал сите врски со своето семејство. Денес, како успешен доктор, животот повторно ќе го постави пред тешка дилема:
👉 Да ја следи својата совест или да се врати кај семејството што го оставил?
Серијата ветува емоционално длабока приказна, полна со драматични моменти, тешки одлуки и животна порака:
🔹 Понекогаш, семејството е најтешкиот испит што мора да се положи.
🎥 Во наредниот период се очекува да бидат објавени повеќе информации за актерската екипа и која актерка ќе му биде партнерка на Кенан во оваа серија.
📌 Следете не на tvserijali.com за сите новости, детали и премиерни содржини од оваа нова ТВ сензација!