Парс е млад човек кој пораснал во сиромаштија и беда во Адана. И покрај секојдневните тешкотии, тој верува во љубовта и сонува за заедничка иднина со својата сакана Ѓул.
Но, неговите соништа се рушат кога Ѓул, водена од желбата за богатство и подобар живот, го напушта токму во моментите кога му е најпотребна. Набргу потоа, животот на Парс добива неочекуван пресврт.

Тој дознава дека неговиот биолошки татко е господинот Алишан Акабеј, еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Истанбул. Од сиромашно момче кое се бори за егзистенција, Парс одеднаш станува наследник на моќно семејство, во кое зад раскошот и богатството се кријат бројни тајни, ривалства и опасни интриги.
Неговото доаѓање во богатата вила на Акабејови во Истанбул предизвикува шок за сите членови на фамилијата. Додека Алишан се обидува да го прифати својот син и да му го обезбеди заслуженото место, неговата сопруга Селма гледа на Парс како на закана за иднината на своите деца.

Наледството на семејството е загрозено од дојденикот. Селма и децата нема лесно да го прифатат вонбрачното дете на Алишан и ќе сакаат со сите сили да го исфрлат од големата вила.
Во меѓувреме, семејството Акабеј решава да стави крај на крвната освета која се случува долго време меѓу нив и семејството Караџа. Единствен начин да се спречи крвта и убиствата е дете од семејството Алишан да влезе во договорен брак со една од ќерките на семејството Караџа.

Па така, судбината ги спојува Парс и Асја, скромната ќерка на Караџови. Потценувана и лишена од вистинска семејна љубов, таа копнее по живот во кој ќе биде почитувана и прифатена.
За Парс, кој сè уште ги носи раните од минатото, овој брак претставува обврска што не ја избрал од љубов. За Асја, пак, тој е надеж за нов почеток. Со текот на времето, нејзината искреност, добрина и пожртвуваност почнуваат да ги рушат ѕидовите што Парс ги изградил околу своето срце.

И токму кога меѓу нив почнува да се раѓаат вистински чувства, во животот на Парс повторно се појавува Ѓул.
Откако дознава дека момчето кое некогаш го напуштила сега е наследник на огромно богатство, таа е решена повторно да го освои. Нејзиното враќање носи нови лаги, љубомора и интриги, заканувајќи се да ја уништи кревката доверба меѓу Парс и Асја.
Најновата турска сапуница “Ружи” ќе ја следите во следните неколку месеци на програмата на Канал 5.
Prevzemeno od TvPaket.com.mk