Турската актерка Селен Сојдер е дел од актерската екипа на серијата „Скриената судбина“ , која привлече внимание со својата драматична приказна и интересните семејни односи. Во серијата таа го толкува ликот на Суде. Нејзиното појавување во продукцијата предизвика интерес кај гледачите, кои сакаат да дознаат повеќе за нејзиниот живот и актерска кариера.

Која е Суде во серијата „Скриената судбина“ и кое е нејзиното вистинско име?
Во серијата „Скриената судбина“, ликот на Суде го толкува турската актерка Селен Сојдер (Selen Soyder).Серијата ја раскажува приказната за успешниот адвокат Мехмет Муслуоглу, кој по смртта на својата мајка се обидува повторно да ја воспостави врската со својата ќерка Дога, која се оддалечила од него.Во текот на приказната, постепено се откриваат тајни кои со години биле чувани во семејството, а ликовите се соочуваат со низа неочекувани случувања.

Kоја е Селен Сојдер, колку години има и од каде потекнува?
Селен Сојдер е родена на 26 декември 1986 година во Измир, Турција. Таа има 39 години и студирала историја на Универзитетот Билги во Истанбул.Во 2006 година учествувала на изборот за убавина „Miss Model of Turkey“, каде што била избрана за најдобар модел.
По успехот во модниот свет, Селен Сојдер извесен период работела и како телевизиска водителка. Своето искуство го започнала со практикантска работа во информативната редакција на телевизијата Star TV, каде што била дел од новинарскиот тим на Угур Дундар и Јилмаз Оздиљ. Поголемата популарност ја стекнала со главната улога во турската серија „Yer Gök Aşk“, по што продолжила да се појавува во познати телевизиски продукции.
Во кои серии и филмови глумела Селен Сојдер?
Во текот на својата кариера, Селен Сојдер учествувала во неколку познати турски продукции:

Yer Gök Aşk (2010–2013) – Топрак
Lale Devri (2011–2014) – Топрак
Reaksiyon (2014) – д-р Зејнеп
Hangimiz Sevmedik (2016) – телевизиска серија
Cahide Devekuşu’nun Açık Evliliği (2015) – филм
Kendi Düşen Ağlamaz (2023–2024) – телевизиска серија
Скриената судбина (Can Borcu, 2024–2025) – Суде
Со своето искуство во модата, телевизијата и актерството, Селен Сојдер успеа да изгради препознатлива кариера во турската забавна индустрија.