Uncategorized
Популарниот турски актер Керем Бурсин даде интервју за турскиот магазин GQ.
Во него, тој зборуваше за разни теми, а најмногу за тоа како се чувствува, каков е навистина како личност. Керем неколку пати повтори дека не сака да биде секс симбол. Како што вели, тој едноставно не е таков тип на личност. Тој не сака да остане „убаво лице од ТВ-екранот“. Актерот нагласува дека не би сакал да биде запаметен како „згодно момче“, но успешната актерска кариера да му биде главна одлика.
Убав став на актерот, но нема сомнение дека тој го довел својот физички изглед до совршенство. Затоа не е изненадувачки што тој го доби статусот. На крајот на краиштата, погледнете една од фотографиите од новото издание на GQ за Турција, и проценете сами
By: TV Exposed