Еве зошто завршува серијата „Бабил“ - Tvserijali - Soprevod

Еве зошто завршува серијата „Бабил“

Од самиот почеток, серијата Бабил беше голема коцка за телевизијата Стар.
На крајот, серијата ќе доживее не толку славна судбина. Донесена е одлука да се заврши серијата во епизодата 20. Еве зошто е тоа така. Бабил е серија која е фалена уште од самиот почеток. Добра екипа, заедно со неколку одлични актери, интригантната приказна и заплетот во серијата обезбедија добра основа. Сепак, на крајот, сето тоа не ги донесе очекуваните резултати. Серијата брзо и нагло остана без гледачи. Нискиот рејтинг беше погубен за серијата „Бабил“, исто како и другите проекти пред неа. Потсетуваме, серијата Чесен збор / Seref Sozu заврши во четвртата епизода.

Луѓето од производството, исто така, гледаат долга пауза за време на карантинот поради епидемијата на коронавирус како виновник за нискиот рејтинг. Тогаш, според продукцијата, гледачите го изгубиле интересот, кој едноставно не се вратил по продолжението на емитувањето.

Наместо Бабил, во финалето ќе ја гледаме серијата Seni Cok Bekledim во истиот термин.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *