Uncategorized
Ханде Ерчел не е единствената турска актерка што се најде на списокот на 100-те најубави жени во светот оваа година според списокот на TBWORLD2020.
TBWORLD2020 е сметка на социјалните мрежи каде е објавен списокот со 100-те најубави жени во светот во 2020 година. Резултатите се засноваат на мислењето на пластичните хирурзи од Лос Анџелес. Значи, може да се каже дека тоа е мислење на професионални луѓе. Меѓу 100-те најубави жени ширум светот, шест турски актерки го најдоа своето место. На прво место е Ханде Ерчел, звездата од серијата Чукај на мојата врата. Заедно со неа на списокот беа Туба Бујукустун, Фахрие Евчен, Демет Оздемир, Елчин Сангу и Неслихан Атагул.
Туба е на 29. место, Фахрие на 45., Демет на 75., Елчин на 83. и Неслихан Атагул на 89. место на оваа листа. Некои би рекле дека за вкусовите не треба да се дискутира и ние се согласуваме. На некои можеби не им се допаѓа распоредот како се уредуваат овие актерки, но едно е сигурно. Турските актерки се вистински убавици, а оваа листа е само уште една потврда за сето тоа..
By: TV Exposed