Uncategorized
Џансу ќе биде дел од најскапата серија во историјата на Турција. Турската актерка Лејла Танлар стана позната со нејзината улога како Џансу, на многу гледаната прекрасна серија “Парампарча”. По големиот успех во оваа серија, младата, но многу талентирана актерка ќе се врати на екранот со улога во новата турска серија наречена “Мехмед Бир Чихан Фатихи”, серија која ја раскажува приказната за Султан Мехмет.
Оваа серија ќе започне со емитување на 20-ти март во Канал Д и ќе биде најскапата серија во турската историја, со буџет што ќе конкурира со американските серии . 
