Страшната трагедија која ја доживува Угур Аслан - Tvserijali - Soprevod

Страшната трагедија која ја доживува Угур Аслан

Турскиот актер Угур Аслан е еден од оние кои речиси немаат хејтери, односно немаат лоши коментари за него. Покрај тоа што е актер, Аслан е и фантастичен пејач и вистински пример за тоа како една позната личност треба да живее и да се однесува.

За Угур веќе се зборуваше на нашиот портал, но можеби премалку. Познато е дека Угур Аслан е сопруг на сценаристот Семе Ергенекон. Актерот бил со сопругата во многу тешки моменти од нејзиниот живот и таа често му се заблагодарува за тоа.

Во едно интервју, Аслан истакна дека можеби доцна станал популарен и познат. Станува збор за човек кој се карактеризира со скромност и кој има навистина голем број обожаватели. За жал, разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6-ти февруари му донесоа огромна болка на Угур, кој доживува страшна трагедија, а агонијата се уште трае.

Потрагата по неговата сестра продолжува

Менаџерот на Аслан потврди дека спасувачите ги пронашле телата на неговиот брат, снаа и нивните деца, кои ги загубија животите по земјотресот. Засега нема вести за неговата сестра која исто така остана заробена под урнатините.

Болката што сега ја чувствува Угур Аслан е незамислива. Фановите ширум светот му испраќаат многу пораки за поддршка преку социјалните мрежи, на кои и ние се придружуваме овде. Издржи го Угур! Актерот пред три дена проговорил на Инстаграм, но во тој момент се уште не знаел што се случило, односно каков е епилогот…

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *