Јилдиз од Забрането Јаболо (Еда Еџе) и Буграхан Тунчер се верија (ФОТО) - Tvserijali - Soprevod

Јилдиз од Забрането Јаболо (Еда Еџе) и Буграхан Тунчер се верија (ФОТО)

Актерката Еда Еџе и репрезентативниот кошаркар Бугархан Тунчер направија важен чекор кон бракот по долгогодишната љубовна врска. Парот синоќа се вери на едноставна церемонија.


Убавата актерка Еда Еџе која извесно време е заедно со кошаркарот Бугархан Тунчер се сврши на едноставна церемонија дома. Двојката ги сподели своите романтични моменти со своите следбеници на нивните профили на социјалните мрежи.
Еда Еџе, која достигна голема база на обожаватели со улогата на Јилдиз во Забрането јаболко, која е една од најдолгите ТВ серии на екраните на FOX, го направи првиот чекор кон брак со нејзиниот љубовник кошаркар Буграхан Тунчер, со кој имаше понекогаш и проблеми…

Парот се вери на церемонија која се одржа меѓу семејството синоќа. Убавата актерка која кадрите од свршувачката ги сподели на својот Инстаграм профил кој има 7,2 милиони следбеници, еден по еден им се заблагодари на обожавателите кои и помогнале. Еџе, која за свршувачката претпочита долг бел комбинезон, заслепи со својата едноставна пунџа и природна шминка. Додека ја сечеше свршувачката торта со Тунчер, додаде емоџи со бесконечност, срце и прстен.

Објавата на Еда Еџе доби честитки од многу познати имиња како Гамзе Ерчел, Асли Енвер, Демет Акалин, Арзу Шабанџи, Биран Дамла Јилмаз, Дерја Шенсој, Берк Октај, Пинар Алтуг и Ѓулсе Бирсел. Двојката летово се подготвува да седне на свадбената трпеза.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *