Фидан од Траги од Минатото е физичарка, но снимала и за Нивеа! - Tvserijali - Soprevod

Фидан од Траги од Минатото е физичарка, но снимала и за Нивеа!

Хазал Адијаман (родена на 6 август 1989 година во Истанбул) и е актерка на турски серии, филмови и театарски претстави.
Своето образование го завршила на универзитетот Мармара, смер физика.
За македонската публика е позната како Ѓул во серијата Величенствениот (Канал 5), како Јасмин во Јусуф во тв Клан, а потоа и со епизодни улоги во Нашата Дениз, Девојката од село и Напуштени.


Сепак, главна улога конечно добива минатата година во турската дневна серија Траги од Минатото, којашто заврши пред една недела на Сител.

Стана дел и од рекламите на Ети Хошбеш, Бош, Нивеа, а се појави и во видео клипот за Буланик Нијетлер од музичката група Пижама.
Преземено од: Твпакет мк

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *