Џемал од Игра на судбината во главната улога во новата серија ЗАМКА на Канал 5! - Tvserijali - Soprevod

Џемал од Игра на судбината во главната улога во новата серија ЗАМКА на Канал 5!

Приказна која нема да ве остави рамнодушни!
Во свет полн со лага, измами и броба за престиж тешко е да знаеш кој е добар а кој лош, што е реално а што фиктивно а најтешко од се’, е да знаеш кому можеш да му веруваш! Приказна за семејство кое само одлучува да ја бара правдината.


Семејството Јорукоглу во минатото преживува страшна трагедија, додека Умут, Умај и Махир се се’ уште само мали и беспомошни деца. Благодарение на Демир Ѓумушај, остануваат сами на светот, без мајка, татко, брат..без љубов, поддршка и иднина и се’ што имаат е нивната семејна куќа полна со топли спомени и нивната прегратка која ќе ги води во животот.

Нивните детски денови не се исполнети со безгрижност и топлина, наместо тоа желбата за одмазда стнаува нивна водилка, се заколнуваат дека еден ден долгот од минатото ќе биде вратен!
Години подоцна се обединуваат со заедничка цел, да се одмаздат на човекот кој им го одзема детството и се’ што некогаш имале, но, ќе откријат дека не се толку поврзани како што мислеле и дека нивната вистина не е единствената страна во приказната.

Од друга страна Џерен, Ѓувен и Мете се децата од богатото семејство Ѓумушај, на кои желбата за власт со империјата Ѓумушај, која нивниот татко ја создава благодарение на еден страшен грев и измама, им е поважна од нив самите.
Гламур, интриги, игри, многу скриени вистини и еден совршен план наспроти моќта на она што никогаш не може да се предвиди – љубов!
Доаѓа време да се плати долгот!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *